петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти може да добие суспензија од четири меча поради зборовите кон судиите

Анчелоти може да добие суспензија од четири меча поради зборовите кон судиите

Загубените два бода можеби нема да бидат единствената казна за Реал Мадрид од мечот со Џирона, можно е Карло Анчелоти да биде суспендиран за следните натпревари.

Многу прав крена пеналот кој беше досуден за Џирона. По мечот Карло Анчелоти рече дека топката не го удрила Асенсио во рака, туку во гради. Италијанецот додаде и дека пеналот е измислен.

Судиското тело при шпанската лига поднесе жалба до дисциплинската комисија за изјавата на Карло Анчелоти.

Доколку биде решено Анчелоти да биде казнет, тој би можел да добие суспензија меѓу два и четири натпревари.

Во изминатите години имало различни примери, некои протести на судењето биле казнети, а некои и не.

Минатата сезона Хозе Луис Гаја беше суспендиран со четири натпревари поради сличен случај. Тој ги критикуваше судиите на мечот меѓу Валенсија и Осасуна во април.