петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Детали од новиот договор на Пиоли: Една клазула ги покажува амбициите на Милан

Детали од новиот договор на Пиоли: Една клазула ги покажува амбициите на Милан

Италијанскиот шампион Милан вчера потврди дека ја продолжил соработката со тренерот Стефано Пиоли.

Пиоли стави потпис на нов договор до 2025 година и доби значително зголемување на платата. Пиоли пристигна на „Сан Сиро“ пред точно три години и минатата сезона го однесе Милан до шампионската титула во Италија после цели 11 години.

Раководството сака да го задржи долгорочно тренерот и му понуди нов договор со зголемување на платата.

Сега медиумите откриваат и детали од договорот на стратегот на Милан. Според информациите платата на Пиоли сега изнесува 4.1 милиони евра по сезона што е за 500.000 евра повеќе од минатиот договор.

Новост е клазулата и за освојување на Лигата на шампионите. Во минатиот договор Пиоли немаше договорен бонус за освојување на најелитното европско првенство, но сега има. Исто така останува и клазулата од претходниот договор за освојување на Серија А.