петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Сообраќајна несреќа на патот Ново село – ГП Ново село, сообраќајот во прекин

Сообраќајна несреќа на патот Ново село – ГП Ново село, сообраќајот во прекин

Поради сообраќајка затворен за сообраќај патот Ново село – ГП Ново село
Скопје, 2 ноември 2022 (МИА) – Поради сообраќајна несреќа денеска од 17:30 часот затворен е за сообраќај магистралниот пат село Ново село – Граничен премин Ново село.

Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчев.