петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Рама од Берлинскиот процес: Обединет регион, во комплициран историски момент

Рама од Берлинскиот процес: Обединет регион, во комплициран историски момент

Албанскиот премиер Еди Рама го изрази своето задоволство од денешното потпишување на три договори меѓу лидерите од Западен Балкан на самитот на Берлинскиот процес.

За време на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и германскиот канцелар Олаф Шолц, Рама рече дека регионот со нетрпение го очекувал потпишувањето на договорите и оти е среќен што Албанија ќе биде домаќин на следниот самит во Тирана на 6 декември.

– Морам да кажам дека сите од регионот се многу задоволни што беа во Берлин, осум години откако започна Берлинскиот процес. Ангела Меркел беше во право, ако денес имаме обединет регион во комплициран момент од историјата, тајната е берлинскиот процес. Се собравме овде за првпат, никогаш не сме се сретнале на ваков начин. Од се срце и благодарам на германската канцеларка. Албанија ќе биде домаќин на следниот самит, рекол Рама, јави abcnews.al.

Според Топ чанел тој се задржал и на новиот француско-германски план кој ” двете страни, Србија и Косово мора да го сфатат сериозно” и додал дека е ” врем е да се видат значајни резултати”.

Шефот на албанската Влада посочил дека мора да се “исполнат задачите за да земјата стане дел од ЕУ” и нагласил дека “Албанците никогаш не биле подобри од денес”. (МИА)