петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Јокиќ го надмина легендарниот Чембрлен и испиша историја во НБА

Јокиќ го надмина легендарниот Чембрлен и испиша историја во НБА

Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ, испиша историја во НБА лигата во синоќешниот триумф на неговиот тим против Оклахома.

Денвер победи на гостински терен со 122-110, а српскиот центар придонесе со 15 поени, 14 асистенции и 13 скокови.

За Јокиќ тоа беше 79 трипл-дабл ефект во кариерата со што го надмина легендарниот НБА кошаркар Вилт Чембрлен на вечната листа на чие чело е Расел Вестбрук со 194 трип-дабл ефекти.

Чембрлен досега беше рекордер меѓу центри со 78 натпревари на кои оствари трипл-дабл.

Јокиќ сега се искачи на шестото место, а пред него се Леброн Џејмс 91050, Џејсон Кис (107), Меџик Џонсон (138) и Оскар Робертсон (181).