петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бројките на новозаболени во Белгија бележат надолен тренд

Бројките на новозаболени во Белгија бележат надолен тренд

Главните индикатори за пандемијата од Ковид-19 бележат надолен тренд во Белгија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Според последните податоци, помеѓу 25 и 31 октомври, бројот на дневно заразени со Ковид се намалил за 42 отсто во споредба со претходната недела, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на земјата.

Намален е и бројот на хоспитализирани поради оваа инфекција за 34 отсто, а пад бележи и бројот на починати. Во просек од Ковид-19 умреле 6,1 лице заразени со Ковид, што претставува намалување од 33 отсто, информира Институтот.

Моментално 900 лица се наоѓаат во болница поради коронавирусот, од кои 59 на интензивна нега.

Од почетокот на пандемијата 32,941 лице починало од Ковид-19 од почетокот на пандемијата во 2020. (МИА)