петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Се повреди Кварцхелија

Се повреди Кварцхелија

Наполи игра фантастичен фудбал во изминатиот период и изгледа како еден од најсилните тимови во Европа, а „моторот“ на тимот е фантастичниот Грузиец Квича Кварцхелија.

Сега пристигнуваат лоши вести за одличниот фудбалер. Имено, Наполи потврди дека Кварцхелија заработил повреда на грбот и поради тоа ќе го пропушти дербито со Аталанта.

Грузиецот стана вистински миленик на фановите на тимот од Неапол и во досегашните 12 натпревари во Серија А постигна шест гола и запиша седум асистенции.