петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо: Лацио го доби дербито со „полугол“

Мурињо: Лацио го доби дербито со „полугол“

Рома го загуби градското дерби со Лацио и тоа подарувајќи му го единствениот гол на противникот со грешката на Ибањез, а тоа не заборави да го потенцира и Жозе Мурињо.

– Мислам дека Рома не заслужи да ги загуби овие натпревари, Аталанта не победи со еден шут, Наполи имаше многу проблеми и победи со одличниот погодок на Осимен, додека Лацио денеска постигна еден полугол. Не беше лесно да се игра против тим кој беше толку повлечен и добро го контролираше темпото. Тие се бранеа добро откако поведоа, а нам ни недостасуваа конкретни работи и прецизност во нападите – изјави Мурињо.