петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тежок удар за Сенегал, Мане поради повреда го пропушта СП во Катар

Тежок удар за Сенегал, Мане поради повреда го пропушта СП во Катар

Најдобриот фудбалер на Сенегал, Садио Мане, се повреди вчера во победата на Баерн Минхен над Вердер (6-1), а денеска стигна потврда дека станува збор за потешка повреда и оти речиси сигурно ќе го пропушти Светското првенство во Катар кое стартува на 20 ноември.

Мане на натпреварот против Вердер доби удар во коленото и го напушти теренот во 20 минута.

Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман по натпреварот рече дека клубот е во очекување на дополнителни лекарски прегледи, кои, за жал, денеска донесоа лоши вести за Мане и Сенегал.

Францускиот весник „Ле Екип“ објави попладнево дека Мане ја повредил тетивата и ќе паузира најмалку еден месец.

Мане е најдобар стрелец во историјата на Сенегал со 34 голови на 93 натпревари.

Сенегал на Мундијалот во Катар ќе игра во група со домаќинот, Еквадор и Холандија.