Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти е заинтересиран за услугите на Виктор Осимен од Наполи и Рафаел Леао од Милан, кои се лидери во своите екипи и се борат за Скудетото.
Тренерот на „кралевите“ е разочаран затоа што минатото лето не успеа да го ангажира Килијан Мбапе и исто така Карим Бензема често е повреден, па почна да ја губи првата позиција зад Барселона.
За Леао постои интерес и од Челси и Манчестер сити, па ќе се води голема борба во јануари за потписот на талентираниот Португалец.