Дефанзивецот на фудбалскиот клуб Милан, Пјер Калулу го продолжи договорот со „росонерите“ до 2027 година.
22-годишниот Французин се реши да остане на „Сан Сиро“ и во следните пет години, откако во 2020 година дојде во тимот од Милан.
Калулу се наметна како еден од најдобрите стопери, и беше еден од заслужните за титулата освоена минатата сезона.