петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Луис Енрике одлучи: Шпанија без Серхио Рамос на Мундијалот во Катар

Луис Енрике одлучи: Шпанија без Серхио Рамос на Мундијалот во Катар

Поранешниот капитен на „црвената фурија“ и актуелен фудбалер на Пари Сен Жермен, Серхио Рамос, нема учествува на Светското првенство во Катар. Од претходно е познато дека ќе го нема ниту голманот Давид де Хеа.

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Луис Енрике, го објави списокот од 26 фудбалери кои ќе ја претставуваат нацијата на Мундијалот.

Енрике му даде шанса на Ансу Фати кој оваа сезона и немаше голема минутажа во тимот на Барселона, а на списокот има само двајца фудбалери на Реал Мадрид, Дани Карвахал и Марко Асенсио.