сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Баерн се лути, но Сенегал го вброи Садио Мане во тимот за Мундијалот

Баерн се лути, но Сенегал го вброи Садио Мане во тимот за Мундијалот

Садио Мане и официјално е именуван во 26-члениот тим кој го одреди селекторот на Сенегал, Алиу Сисе, за Светското првенство во Катар. Тој е повреден, а лекарскиот тим на репрезентацијата на Сенегал ќе направи се за да го опорави за натпреварите од Мундијалот.

Ова не им се доаѓа на раководните луѓе од Баерн Минхен кои сметаат дека Мане на таков начин би можел да ја влоши повредата и потоа да биде загубен за клубот за подолг период.

Напаѓачот се повреди во една безопасна ситуација при победата на Баерн Минхен над Вердер од 6:1.

Првиот натпревар на Сенегал на Светското првенство во 2022 година е на 21 ноември против Холандија.