Во најавата за дуелот против Летонија во кој доживеаја пораз и ги искомплицираа шансите за пласман на Светското првенство, првиот човек на Федерацијата, Димос Дикудис објави дека е испратена жалба против Партизан.
Нашите јужни соседи се гневни на „црно-белите“ поради тоа што Јанис Папапетру не доби дозвола за настап, Анѓушиќ и Трифуновиќ играа за српската репрезентација против Велика Британија. Со оглед на тоа што Грција и Србија се директни ривали за пласман на Светското првенство, Грците не можат да го премолчат ова.
„Упативме официјална жалба и до Кошаркарскиот сојуз на Србија и до ФИБА бидејќи ваков став е погрешен. Тоа е нелојална конкуренција и мораме да протестираме“, изјави Дикудис.
Грците беа во добра ситуација на почетокот од втората фаза од квалификациите, но поразите од Србија и Летонија ги ставија во незгодна позиција. Ако в понеделник загубат на гости кај Белгија, ќе стане уште попроблематично бидејќи без најдобрите играчи ќе мораат да бркаат победи во последните две кола.