четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

КК Партизан продаде 16.000 сезонски билети

КК Партизан продаде 16.000 сезонски билети

Кога играат белградските “црно-бели“ во Евролигата во Арената во Белград, тоа е спектакл. Тие ги имаат најдобрите 10 посетени мечеви во историјата на ова натпреварување.

Пристигна вест од Белград, поточно од раководството на Партизан, дека за претстојната сезона продадени се точно 16.124 сезонски билети, што е рекорд, и дека од продажбата на тие билети остварен е приход од 6 милиони евра.