понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Мбапе размислувал да не игра за Франција поради расизмот

Мбапе размислувал да не игра за Франција поради расизмот

Килијан Мбапе изјави дека во еден момент размислувал да ја напушти француската репрезентација, но потоа сфати дека откажувањето ќе испрати погрешна порака до оние кои по расна основа го злоставуваат на социјалните мрежи.

Мбапе беше херојот на Франција кога како тинејџер постигна гол во финалето на Светското првенство во Русија, но кога промаши пенал во петтото коло на осминафиналето на ЕП со Швајцарија, тој стана главна мета на оние кои си даваат право да користат социјални мрежи, со цел да злоупотребуваат било кој од која било причина.

„Мислам дека сум пример за сите. Ова е новата Франција … Затоа не се откажав од репрезентацијата. Ова е порака до помладите од мене – ние сме посилни од тоа. Се чувствувам како Французин бидејќи сум роден во Франција, таа ми даде можност да пораснам нормално“, потенцирал Килијан.