понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

КРАЈ НА ПРИЈАТЕЛСТВОТО НА ДАРА И КАРЛЕУША: „Таа е суетна, а јас сум дама“

КРАЈ НА ПРИЈАТЕЛСТВОТО НА ДАРА И КАРЛЕУША: „Таа е суетна, а јас сум дама“

Поп-ѕвездата Јелена Карлеуша пред неколку дена за прв пат јавно проговори за Дара Бубамара, бидејќи со недели се шпекулира дека тие веќе не се во добри односи.

Имено, Карлеуша со крајно смирен тон истакна дека и помогнала на Дара кога и било многу тешко во животот и дека воопшто не жали за тоа и дека апсолутно ништо не и замерува.

Сега се огласи и Дара, која дефинитивно на сите им стави до знаење дека ставила крај на дружењето со Јелена.

– Никогаш не прашавував кој со кого се дружи. Вакви прашања поставуваат само искомплексирани, суетни и несигурни луѓе. Ја знаете таа песна: „Кој се дружи со нас, има подолг живот, а кој не се дружи со мене, не за к*р не е (се смее). Јас сум жена што сите ја сакаат и на сите сум им омилена. Може да се дружам со сите мои колеги, јас сум омилена… Мене татко ми кој ми за мене бил бог татко никогаш не ми зборувал што да правам. Ако не ви се допаѓа, не мора да го гледате, и тоа е тоа… – истакна Дара и конкретно се осврна на односот со Карлеуша:

Пејачката посочува и дека не и е јасно зошто во јавноста се случуваше драма за ова прашање без причина и додава дека е апсолутно чиста кога е нивната врска во прашање.

– Воопшто не би размислувала за Карлеуша. Секој работи за себе, не за мене. Јас не направив ништо. Јас сум чиста. И тие приказни, за тоа помагање, тоа… Јас колку сум помагала што таа знае и не знае, па не сум зборувала за тоа. Затоа што јас сум дама и нема да кажувам грди или убави работи. Нека заврши сега како што завршува, нејзин избор и нејзина работа. Суетата е чудо!, истакна Дара.

– Се трудам да бидам во ред со сите. Кој не е коректен, само имам амнезија. Ништо не му правам, не му посакувам зло. Тоа се многу малку луѓе. Добра сум со сите, се разбирам со сите. Како што вели еден мој пријател: „Кој не е добар со Дара е навистина лош“. Веројатно им е досадно. Работам многу, заработувам… Немам време да следам што и кој, како… Слушам од обожавателите кога ќе ми испрата пораки – изјави Дара.

Најнови вести