вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ФОТО+ВИДЕО: Изгоре камион на булеварот пред „Континентал“, половина Скопје во црн чад

ФОТО+ВИДЕО: Изгоре камион на булеварот пред „Континентал“, половина Скопје во црн чад

Камион се запали и целосно изгоре попладнево на булеварот „Александар Македонски“ пред хотелот „Континентал“, а столбот од црн чад обви половина од Скопје.

На снимките и фотографиите кои ги објави „Независен.мк“, се гледа како огнот целосно го проголтува камионот. Според очевидци, возилото пламнало и изгорело за само неколку минути.

Сообраќајот е отежнат за излез од Скопје кон Автокоманда, а пожарот создаде голема гужва пред „Ист гејт мол“ во попладневниот шпиц.

Интервенираа пожарникарите од Скопската противпожарна бригада.