понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бекам го кани Роналдо во Интер Мајами

Бекам го кани Роналдо во Интер Мајами

Поранешниот англиски репрезентативец и сопственик на МЛС франшизата Интер од Мајами, Дејвид Бекам е заинтересиран да го ангажира фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо по завршувањето на Мундијалот, пренесуваат британските медиуми.

Бекам веќе стапил во контакт со менаџерот на португалскиот фудбалер Жорге Мендеш, кој наводно најавил можност Роналдо да се пресели во Америка по Светското првенство.

Роналдо пред неколку дена даде интервју за британскиот новинар Пирс Морган, што предизвика бурни реакции во англискиот клуб. Португалецот изјави дека се чувствува изневерен од Манчестер Јунајтед и истакна дека се обиделе да го избркаат од „Олд Трафорд“. Тој рече и дека не го почитува тренерот Ерик Тен Хаг и додаде дека семејството Глејзер, кое е сопственик на Јунајтед, не е заинтересирано за спортските резултати на клубот.

Британските медиуми пренесуваат дека Роналдо сега бара излез од клубот, а една од можностите е преселба во МЛС лигата. Тој има договор со Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната, а во моментов со португалската репрезентација се подготвува за Светското првенство во Катар.