вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нејмар им покажа на Винисиус, Родриго, Антони и компанија како се смирува топка од 35 метри (ВИДЕО)

Нејмар им покажа на Винисиус, Родриго, Антони и компанија како се смирува топка од 35 метри (ВИДЕО)

Репрезентативците на Бразил ги покажаа своите фудбалски умешности на тренингот, дрон пушташе топка од 35 метри висина а тие требаше да ја смират.

Нејмар често знае да биде критикуван но напаѓачот на ПСЖ уште еднаш покажа дека се работи за фудбалер од светска класа.

На еден од тренинзите на репрезентацијата на Бразил, фудбалерите требаше да демонстрираат контрола на топка.

Топката беше пуштана со дрон од 35 метри височина, и додека помладите играчи како Винисису, Родриго и Антони не успеаја, Нејмар им покажа како се прави тоа.

Ришарлисон исто така покажа завидна техника, но од вториот обид.