четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ХОРОР ВО СКОПСКО СТУДЕНИЧАНИ: Маж пукал во сопствениот брат

ХОРОР ВО СКОПСКО СТУДЕНИЧАНИ: Маж пукал во сопствениот брат

Министерствтото за внатрешни работи информира дека на 16.11.2022 околу 14.40 часот во с.Студеничани, скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода А.М.(41) од с.Студеничани, затоа што околу 14.30 часот во магацинскиот простор од семејната фирма лоциран во с.Студеничани, скопско, по претходна расправија поради нерасчистени имотно-правни односи околу фирмата, од пиштол испукал еден куршум кон неговиот брат А.М.(39) од с.Цветово, скопско и му нанел телесна повреда, информираат од полицијата.

По целосно документирање случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат надлежните.