среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Бронза за крај на блескавата кариера, Црна Гора ѝ се одмазди на Франција на последниот меч на Радичевиќ

Бронза за крај на блескавата кариера, Црна Гора ѝ се одмазди на Франција на последниот меч на Радичевиќ

Ракометната селекција на Црна Гора приреди сензација на последниот ден од Европското првенство, на кое кодомаќин беше и Македонија. Во Љубљана „лавиците“ по продолжението му сервираа слатка одмазада на фаворизираната Франција во малото финале и како третопласирани го завршуваат континенталниот собир (27-25).

Во нивното прво соочување на овој шампионат, Французинките беа убедливи во Скопје и славеа со осум гола разлика. Сепак, вечерва желбата за победа беше поголема кај Црногорките кои во еден од најважните натпревари во кариерата на Јованка Радичевиќ одиграа квалитетно и заслужено славеа голема победа. Така, некогашната вардарка со бронза ја завршува својата богата репрезентативна кариера, во која освои речиси сè што може да се освои.

Во текот на сите шеесет минути се играше борбено и израмнето. Двете селекции имаа по неколку мини-серии, но ниту една не успеа посериозно да се одлепи. На полувреме се замина со предност од еден гол за Црна Гора, а така беше и во поголемиот дел од вториот дел. Во 55. минута „лавиците“ не реализираа напад за плус три, по што следуваше голем пад во нивната игра и Франција влезе во серија и поведе со 20-21. Сепак, Црна Гора не се предаде и се избори за водство. Сепак, Итана Грбиќ направи прекршок за црвен картон и седмерец на две секунди до крајот. Заади погоди од пенал и донесе екстра време. Продолженија од две по пет минути донесоа помотивирана Црна Гора, која извојува голема победа од 27-25.

Јованка Радичевиќ во репрезентативна пензија замина со шест гола во франциската мрежа, колку што имаше и Јауковиќ. Кај Франција најпрецизна беше Нзе Минко со четири гола.