Следното Светско првенство во фудбал нема да се игра на лето, туку ќе се игра во зимскиот период, кога температурите во Европа се ниски, но ситуацијата не е таква во државата каде што ќе се одржи Мундијалот.
Катар е домаќин на Светското првенство во фудбал во 2022 година, а поради превисоките температури кои се во јуни и јули, кога традиционално се одржува Мундијалот, ова првенство ќе биде преместено во месеците ноември и декември.
Собирот на најдобрите светски репрезентации во Катар ќе се одржи од 21-ри ноември до 18-ти декември.