среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Поништени три гола на Аргентина во првото полувреме, Меси се запиша како прв Аргентинец кој погодил на четири Мундијали

Поништени три гола на Аргентина во првото полувреме, Меси се запиша како прв Аргентинец кој погодил на четири Мундијали

Аргентина и Саудиска Арабија играат на стадионот Лусаил, прв од четирите натпревари на третиот ден од Светското првенство.

По првото полувреме Аргентина водеше со 1:0, со голот на Лионел Меси од пенал во десеттата минута.

Првите 45 минути од натпреварот ги одбележа доминацијата на „гаучосите“ кои постигнаа уште три гола, но сите три беа поништени поради офсајд позиции, благодарение на одличното позиционирање на фудбалерите на Саудиска Арабија.

Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Меси влезе во историјата на националниот тим на оваа земја, откако на четири светски првенства постигнал најмалку еден гол.

Фудбалерот на Пари Сен Жермен беше меѓу најдобрите стрелци на Светското првенство во Аргентина во 2006, 2014 и 2018 година.

Меси е само петтиот играч во историјата на фудбалот кој постигнал голови на четири различни светски првенства, по Пеле, Уве Зелер, Мирослав Клосе и Кристијано Роналдо.