недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Левандовски: Ми се остварија сите соништа од детството

Левандовски: Ми се остварија сите соништа од детството

евандовски постигна гол во 82. минута и тоа беше негов првенец на Светско првенство во пет натпревари. По голот истрча кај корнер знаменцето, ги рашири рацете и падна на тревата, а соиграчите дотрчаа кон него да му честитаат. Кога стана, ги избриша солзите и ги бакна навивачите на трибините.

„Ми се остварија соништата, сите мои соништа од детството. Како што стареам, се поемотивен сум. Свесен сум дека кога станува збор за Светско првенство, ова би можело да биде моето последно. Сакам еден ден да се пофалам дека играв на Светско првенство и дека бев стрелец“, изјави 34-годишниот напаѓач на Барселона.