понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тите: Јас сум виновен за повредата на Нејмар

Тите: Јас сум виновен за повредата на Нејмар

Бразилскиот фудбалер Нејмар, заработи повреда на скочниот зглоб на мечот против Србија поради која најверојатно ќе го пропушти остатокот од групната фаза на Мундијалот. Селекторот Тите вели дека тој е виновен за повредата на Нејмар.

„Не сфатив дека е повреден. Особено што по повредата учествуваше во акцијата по која го постигнавме првиот гол. Тоа беше моја грешка, многу сум лут на себе. Жалам, требаше да бидам повнимателен“, изјави Тите.

Нејмар извесно време мина на теренот со болки, а кога повеќе не издржа, побара Тите да го замени, но очигледно веќе беше доцна.