петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нојер: Ние сме Германци, до крајот веруваме во себе

Нојер: Ние сме Германци, до крајот веруваме во себе

Голманот на германската фудбалска репрезентација, Мануел Нојер, по ремито со Шпанија остана позитивен, иако и во вториот натпревар на Мундијалот четирикратниот светски првак, Германија не запиша победа.

Ремито против Шпанија (1-1) ги остави Германците во игра за осминафинале и зависат сами од себе и од последниот натпревар против Костарика в четврток.

„Ова беше многу тежок натпревар, против добар противник. Шпанија беше компактна и во одбрана и во напад и ни беше тешко да постигнеме гол. Но, до крајот верувавме во себе. Најважно е што уште сме во игра. Мора да ја победиме Костарика“, изјави Нојер.