четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ТФТ лесно со Академија

ТФТ лесно со Академија

ТФТ денеска имаше полесен тренинг против ФМП Академија и го декласираше противникот во меч во кој постигна повеќе од 100 поени, а воедно оствари победа од 43 разлика.

Натпреварот од седмото коло му ја донесе четвртата победа на ТФТ во домашното првенство, но додека тафталиџани се враќаат во форма, „академците“ остануваат на разочарувачки биланс.

Со денешниот убедлив пораз, ФМП останува на една победа во домашното првенство, а шестиот пораз прави да биде сигурен фенерџија во домашниот шампионат.

Николов со 18 поени и 11 скока беше лидер во победата на ТФТ, Батрик уфрли 16 поени, а двоцифрени беа и Бишоп (14), Мекбрајер (14), Андерсон (13) и Крстевски (11).