петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Марија Шерифовиќ очајна: Во 2018 година сакам само да се излечам, ама како?

Марија Шерифовиќ очајна: Во 2018 година сакам само да се излечам, ама како?

Пејачката Марија Шерифовиќ е очајна поради здравствените проблеми, па со фановите сподели дека има една желба во 2018 година, а тоа е да оздрави.

Имено, таа има сериозни проблеми со несоницата, која веќе подолго време не може да ја победи. Последиците од несоницата навистина може да бидат многу сериозни. Тие доведуваат до психичка и физичка исцрпеност и драстично ја намалуваат концентрацијата.

Марија на своите фанови јавно им се пожали дека има проблеми и посака помош.

– Ок во 2018 година сакам да ја излечам оваа несоница, инсомнија која е веќе к…. Само не знам дали да одам кај доктор, поп, оџа, билкар, психолог, психијатар, да тргнам на реики или да почнам да медитирам, може да тргнам на јога, или да станам бретаријанец или можеби да верувам во Саи Баба….

Еве жими животов, тоа го сакам! Ама како?, напиша Шарифовиќ на социјалната мрежа Инстаграм.

Најнови вести