На 29.11.2022 во 08.00 часот Полициската станица Кичево било пријавено дека нa локалниот пат за Крушино, С.Ѓ.(56) од Кичево, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубила контрола и паднала на коловозот, информира МВР.
Во несреќата С.Ѓ. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.