понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лудница на СП: Гризман погоди за реми, судијата свирна крај, но ВАР го „спаси“ Тунис (ВИДЕО)

Лудница на СП: Гризман погоди за реми, судијата свирна крај, но ВАР го „спаси“ Тунис (ВИДЕО)

Неверојатни сцени го следеа натпреварот меѓу Тунис и Франција, бидејќи по последниот судиски свиреж при резултат 1-1, се јави ВАР собата. Судијата Метју Конгер доби повик да го прегледа голот кој во 98. минута го даде Антоан Гризман за реми на „триколорите“.

Ситуацијата беше деликатна, иако веќе се означи крај, судијата од Нов Зеланд мораше да ја прегледа случката. Гризман беше во офсајд по првичното уфрлување во шеснаесетникот, а со топката намерно играше дефанзивец на Тунис, пред францускиот ас да ја смести во мрежата. Самата ситуација е во најмала рака спорна, бидејќи Гризман иако беше во офсајд во почетокот на акцијата, навремено се извлече и сочека дензивна грешка.

Видеото погледнете го ТУКА

Конгер по неколку пати преглед на снимката, се врати на терен и покажа дека голот не важи, на одушевување на туниските фудбалерии и навивачи. Потоа натпреварот продолжи и се играа уште минута-две, пред пак да биде означен крај.

За Французите овој дуел не беше важен, па поради тоа поразот, освен за сопствен престиж нема да влијае на состојбата во групата.