понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

„Грмеше“ во 3 часот изутрина: Лудило во Австралија по пласманот во осминафиналето (ВИДЕО)

„Грмеше“ во 3 часот изутрина: Лудило во Австралија по пласманот во осминафиналето (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Австралија дојде до билет за осминафиналето на Светското првенство и тоа откако ја победи Данска со 1-0 со погодокот на Леки.

Ова за избраниците на Арнолд беше втора победа на шампионатот и со вкупно 6 бода ја освоија втората позиција на табелата што значи во првата нокаут рунда ќе играат со првопласираниот од групата Ц во која се Полска, Аргентина, Саудиска Арабија и Мексико.

Вистинско лудило е во земјата на „кенгурите“, а најдобар доказ за тоа се овие сцени кои се снимени во 3:30 часот по локално време, односно во раните утрински часови.