среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Реми како пораз за Белгија, Хрватска е осминафиналист на СП!

Реми како пораз за Белгија, Хрватска е осминафиналист на СП!

Фудбалската репрезентација на Хрватска одигра реми против Беллгија (0-0), во одлучувачкиот натпревар во групата Ф на Светското првенство. На средбата на „Ахмад бин Али“ хрватските фудбалери имаа своја математика, дека бод ги води во осминафиналето на Мундијалот. Иако и избраниците на Златко Далиќ имаа свои шанси, имаа доза на среќа бидејќи Белгијците во вториот дел имаа неброени шанси.

Натпреварот започна со возбудување уште во првите десет секунди, бидејќи простор за удар крај голот најде Иван Перишиќ. Се играше на средината од теренот, со понапаѓачки претензии на Хрватите, а тоа доведе до досуден пенал на Ентони Тејлор. Јаник Караско го фаулира Андреј Крамариќ, а пред Модриќ да шутира, ВАР собата го повика судијата и поради минимален офсајд одлуката се смени. Како што одминуваше времето, темпото на игра опаѓаше и двете селекции гледаа кон полувремето. Сепак, пред паузата Белгијците беа нешто поконкретни, имаа неколку опасни уфрлувања и полушанси кои не креираа погодок.

Вториот дел тргна со опомена за „коцкестите“ преку Ромелу Лукаку со глава, пред да почне еден период на доминација пред голот на Тибо Куртоа. Голманот на Белгија го одбрани ударот на Ковачиќ и шутевите на Брозовиќ и Модриќ. Следеа две колосални шанси за „ѓаволите“ на Мартинез, за кои може само да жалат. По ударот на Караско, Лукаку биеше кон голот на кој не беше Доминик Ливаковиќ, туку негов соиграч, па ја погоди стативата. Бргу потоа имаше и една шанса со глава од петерецот по која биеше над голот.

Хрватите почнаа да размислуваат на резултатот, одбраната на својот гол беше главна цел, меѓутоа и натаму се обидуваа да го искористат секој празен простор во противничко поле. Во финишот на натпреварот притисокот на Белгија беше огромен, Ромелу Лукаку беше главна цел на уфрлувањата, меѓутоа недоволно заздравениот напаѓач не успеа да реализира ниту една шанса.

Со седум бода како првопласирани во групата Ф во следната фаза одат Мароканците, додека Хрватска со пет заврши како втора и ќе има релативно потежок ривал во осминафиналето.