Министерот за внатрешни работи на Косова Џељал Свечља соопшти дека Сокол Халили, кој ја уби својата бремена сопруга пред Клиничкиот центар во Приштина, денеска се самоубил.
Свечља објави дека Халили бил опколен од полицијата, но дека одбил да се предаде, по што се самоубил.
-По интензивната работа на сите единици на косовска полиција, го лоциравме убиецот Сокол Халили. И покрај обидите на полициските службеници да преговараат за предавање, тој се самоуби. Полицијата на Косово како и Полицискиот инспекторат на Косово ќе ја продолжат истрагата за да се откријат сите околности за убиството на трудницата и самоубиството, напиша Свечља.