четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Kејн: Селектрот игра клучна улога во нашиот успех

Kејн: Селектрот игра клучна улога во нашиот успех

Најдобриот англиски фудбалер Хари Кејн ги сподели своите размислувања за селекторот на тимот Герет Саутгејт.

Членот на Тотенхем високо ја цени работата на предводникот на неговата репрезентација.

– Многумина во нашиот тим го бранеа Саутгејт дури и за време на неуспесите во летото, бидејќи го разбираме пресвртот што тој го направи за Англија на и надвор од теренот. Знам дека навивачите и новинарите секогаш бараат повеќе, но ние го освоивме првото место во групата на Светското првенство во 2022 година – и тоа не може да се занемари, бидејќи некои големи репрезентации не успеаја да стигнат до плејофот. Имаме многу среќа со Саутгејт бидејќи тој е одличен тренер кој игра клучна улога во нашиот успех, го цитира Кејн „Мирор“.

Натпреварот Англија – Сенегал ќе се одигра вечер со почеток во 20 часот.