понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Луис Енрике не го повика во репрезентацијата, а тој му напиша џентлменска порака (ФОТО)

Луис Енрике не го повика во репрезентацијата, а тој му напиша џентлменска порака (ФОТО)

Легендарниот дефанзивец, Серхио Рамос преку социјалните мрежи се огласи за раната елиминација на Шпанија од Светското првенство.

Серхио Рамос играше во одлична форма во ПСЖ и очекуваше повик од Луис Енрике за Мундијалот, но шпанскиот стратег одлучи дека не му е потребно искуството на легендарниот дефанзивец.

Рамос можеше да му се сити на Енрике на раната елиминација, но наместо тоа тој покажа карактер и испрати џентлменска порака со поддршка за Шпанија.

„Денеска повеќе од било кога сме горди на нашето знаме, горди на нашата земја и горди на нашите фудбалери. Шпанија не губи, Шпанија учи. Шпанија паѓа, се сопнува, но станува и продолжува напред. Ќе се вратиме и тоа ќе се вратиме посилни. Напред Шпанија!“, напиша Рамос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergio Ramos (@sergioramos)