четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Ова не се гледа секој ден, преживеал удар со Ферари при 300 км/ч, штетата е 450.000 евра

ФОТО: Ова не се гледа секој ден, преживеал удар со Ферари при 300 км/ч, штетата е 450.000 евра

Возач (59) на Ферари во Германија имал невидена среќа, откако преживеал несреќа со 300 км/ч, без да повреди други учесници во сообраќајот.

Страшната сообраќајка се случила на патот меѓу Минхен и Нирнберг. При престигнување возачот од засега неутврдена причина изгубил контрола над возилото и удрил во заштитна ограда.

Автомобилот застанал на неколку стотини метри подалеку, а возачот бил само полесно повреден. Неговиот скап SF90 Stradale бил целосно уништен. Штетата изнесува околу 450.000 евра.

Германските автопати се познати по тоа што немаат ограничувања на брзината на одредени делови, но кога ќе предизвикате сообраќајна несреќа, треба да докажете дека пребрзото возење не било причина.