вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мароко по скалпот и на вторите „пиринејци“ и на Роналдо

Мароко по скалпот и на вторите „пиринејци“ и на Роналдо

„Мароко не залута во 1/4 финале“, порача селекторот на мароканците Валид Реграги на прес-конференцијата пред мечот со Португалија.

Победата над Шпанија после изведувањето на пенали, и елиминацијата не еден од фаворитите силно одекна низ светската фудбалска јавност, а сега Мароко го сака „скалпот“ и на вторите Пиринејци – Португалците. Роналдо и дружината денеска ќе стрепат од разиграниот Мароко кој е „убиец“ на фаворитите. Ја совлада Белгија, не загуби од Хрватска, потоа ја победи и Шпанија, па сега на ред е Португалија.

Од мароканскиот национален тим му ја препуштија фаворитската улога на Португалија, но најавија дека нема да се предадат во обидот да стигнат до полуфиналето, па дури и до финалето.

„Јасно е дека Португалија е фаворит, но моите играчи воопшто не размислуваат да си одат дома. Сакаат да бидат светски шампиони. Не ме интересираат прогнозите, многу пргнози и научни методи од Харвард ги побивме. И натаму не сме го рекле последниот збор. Претпоставувам дека Португалија ќе тргне брзо да постигне гол, затоа што ние имавме натпревар од 120 минути, но ако дојдеме до полувреме да биде 0-0, ќе им направиме многу проблеми“, рече Реграги.

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош зборуваше за очекувањата пред мечот со Мароко. Тој кажа дека очекува сосема поинаков меч од Швајцарија.

„Не знам дали Португалија е фаворит, но Мароко освои седум бода во групата каде постигна четири гола, а прими само еден. Се работи за исклучително добро организиран тим, со квалитетни играчи кои играат во најдобрите тимови во Светот. Сите оние кои не ги гледале натпреварите со Шпанија и со Хрватска, не го разбираат квалитетот на овој тим. Нема да биде лесен натпревар, но мораме да влеземе на теренот со самодоверба. Ако играме онака како што ќе се договориме, верувам дека Португалија ќе победи“, рече Сантош, кој зборуваше повторно за Роналдо и повтори дека нема проблем со капитенот на Португалија.

Веројатно Роналдо ќе почне од клупата и денеска од 16 часот.