четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Гервала очекува Борел да ги осуди и нападите врз косовската полиција

Гервала очекува Борел да ги осуди и нападите врз косовската полиција

Министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гервала, денеска побара од високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, освен да ги осуди нападите врз членовите на ЕУЛЕКС, да ги осуди и нападите врз членовите на полицијата во општините на северот на Косово. Според неа, настаните поттикнуваат натамошно влошување на ситуацијата.

„Секој живот е важен. Високиот претставник на ЕУ Борел исто така треба да го осуди пукањето на косовската полиција, која ја извршуваше својата должност и ги штитеше сите граѓани на Република Косово од напади на криминални групи. Изјави кои не го осудуваат (српскиот претседател Александар) Вучиќ за неговата отворена агресија поттикнува натамошна ескалација“, напиша Гервала на Твитер.

Борел денеска твитна дека ЕУ нема да толерира акти на насилство, истовремено повикувајќи веднаш да се отстранат барикадите на север во Косово.

„ЕУ нема да толерира напади врз ЕУЛЕКС, ниту употреба на насилни злосторства на север. Групите на косовските Срби мора веднаш да ги отстранат барикадите“, напиша Борел.

Утрово во близина на барикада во селото Рударе на северот на Косово, со шок бомби биле нападнати припадници на мисијата ЕУЛЕКС, јав Бета.Нападот го осудија ЕУ, НАТО, КФОР и претставници на амбасадите во Косово. (МИА)