сабота, 27. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Челзи и Игуаин почнаа да преговараат за личните услови

Челзи и Игуаин почнаа да преговараат за личните услови

Раководството на Челзи е подготвено да плати 52 милиони фунти на Јувентус за напаѓачот Гонзало Игуаин. „Сините“ се подготвени да му понудат на 30-годишниот играч договор за три сезони и плата од 6,2 милиони фунти годишно.

Маурицио Сари конечно беше назначен за менаџер на тимот од Лондон и веќе доведе еден од своите поранешни миленици во Наполи – полудефанзивецот Жоржињо – за нешто над 50 милиони фунти. Сега Италијанецот посакал на „Стемфорд Бриџ“ да биде доведен и друг негов претходен миленик, во лицето на Игуаин.

Агентот Фали Рамадани е човекот кој посредува меѓу преговарачките страни. Во исто време, трансфер специјалистот од Апенините, Џулија Стронати изјави дека во среда ќе има нов круг преговори меѓу претставниците на Игуаин и Челзи.

Аргентинскиот напаѓач има договор со Јувентус до 2021 година. Се верува дека во моментов тој заработува по 5,5 милиони евра годишна плата кај „бјанконерите“.

(Миа)