понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Шест лица повредени во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

Шест лица повредени во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

На 12.12.2022 во 11.45 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на место викано „Сеферов бунар“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(66) од Скопје и патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(55) од с.Зајас, кичевско, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобиле сопатниците од товарното возило С.С.(65) од с.Туралево, кратовско, Х.В.(52) и Р.Р.(28) од с.Сарај, скопско и С.П.(58) од Скопје, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.