четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Папата Франциск: Да го прославиме Божиќ поскромно, тоа што ќе го заштедиме да го испратиме во Украина

Папата Франциск: Да го прославиме Божиќ поскромно, тоа што ќе го заштедиме да го испратиме во Украина

Папата Франциск ги покани христијанските верници ширум светот на поскромна прослава на Божиќ оваа година со цел да им се помогне на Украинците со „конкретни гестови на милосрдие“.

„Убаво е да се слави Божиќ и да се слави, но ве повикувам малку да го намалите нивото на трошење на Божиќ. Да го прославиме Божиќ поскромно и да го испратиме тоа што ќе го заштедиме на граѓаните на Украина на кои им е потребно“, рече Папата.

Од почетокот на војната во Украина, папата Франциск во неколку наврати повика на испраќање помош за земјата.

Ватикан организираше неколку хуманитарни акции за помош на Украина.