Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер, беше регистриран попладнево во морскиот дел источно од островот Евија онаму каде што пред 15 дена беше регистриран силниот земјотрес од 5 степени, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките сеизмолози, станува збор за последователни земјотреси по оној од 29 ноември и е нешто што е очекувано.
Земјотресот, освен на Евија, беше почувствувани и во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а засега нема информации за повредени или причинета материјална штета.