петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тројца повредени во сообраќајка во Тетово

Тројца повредени во сообраќајка во Тетово

На 14.12.2022 во 21.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Илинденска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот гостиварец М.П. и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки што го управувал Б.А.(42) од тетовска Голема Речица.

-Во несреќата, сопатничката од возилото „мерцедес“, Р.С.(54) се здобила со тешки телесни повреди, а другите двајца сопатници од истото возило телесни повреди, коинстатирани во тетовската Клиничка болница, информира МВР.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.