среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Изборот на најдобрите во мак-кошарката ќе се случи на 26 декември

Изборот на најдобрите во мак-кошарката ќе се случи на 26 декември

Македонската кошаркарска федерација ќе ги додели наградите за најдобрите во мак-кошарката непосредно пред крајот на тековната година.

Свечената церамонија ќе се случи на 26 декември во хотелот „Double Tree by Hilton“ во Скопје, со почеток во 19:30 часот.

Ќе бидат поделени признанија во 18 категории и тоа:

-најдобар кошаркар
-најдобра кошаркарка
-најдобар млад кошаркар
-најдобра млада кошаркарка
-најдобра машка екипа (сениори)
-најдобра женска екипа (сениорки)
-најдобра машка екипа (младински лиги)
-најдобра женска екипа (младински лиги)
-најдобар тренер на машка екипа (сениори)
-најдобар тренер на женска екипа (сениорки)
-најдобар тренер на машка екипа (младински лиги)
-најдобар тренер на женска екипа (младински лиги)
-најдобар играч во 3×3
-најдобра екипа во 3×3
-најдобар кошаркарски судија
-најдобар македонски тренер во странство
-најдобар македонски играч во странство
-најдобра младинска репрезентативна селекција