недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Прволигашите ќе бараат пет странци, на потег е Федерацијата

Прволигашите ќе бараат пет странци, на потег е Федерацијата

Како една од точките на состанокот меѓу челниците на КФСМ и Здружението на прволигаши кој се очекува да се одржи идната недела, треба да биде и точката во врска со бројот на странски кошаркари во тимовите.

Претставниците на прволигашите веќе одржаа интерен состанок и дојдоа до заеднички заклучок дека е потребно зголемување на квотата, како во ростерот, така и на теренот.

До оваа сезона, максималниот број странски кошаркари во составот беше четири со тоа што во основниот дел од сезоната, во исто време на терен можеа да биде само тројца, а во плејоф сите четворица.

Прволигашите се на став дека оваа бројка треба да се зголеми со пет странци во ростерот и максимум на терен до четворица. Предлогот ќе биде доставен до челниците на Федерацијата, а потоа Управниот одбор, евентуално да го одобри.