![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
Сите клубови, веројатно и репрезентации би посакале во своите редови да имаат фудбалер како Карим Безнема, но не и францускиот селектор Дидие Дешамп.
Повеќе од пет години напаѓачот беше замрзнат од националниот тим поради скандалот со Матје Валбуена за лани токму Дешамп да го врати за Европското првенство. Токму затоа, зачудувачки делува неговата постапка од пред почетокот на Мундијалот за која наголемо пишуваат медиумите во Франција. Наводно, Бензема имал повреда, но таа не била од таква природа за тој да ја напушти репрезентацијата. Во најлош случај, би пропуштил еден натпревар на почетокот и потоа би можел да се врати.
Сепак, на еден од последните тренинзи, додека Бензема се обидувал да се рехабилитира, Дешамп му пришол и, во муабет, му рекол: Штета што мораш да си заминеш. Фудбалерот на Реал сфатил дека не е пожелен во тимот и си заминал од Катар.
Тоа не само што не ја потресе репрезентацијата, туку отвори повеќе простор за други фудбалери кои сакаа да се истакнат и успеаја во тоа. Пред се Оливие Жиру кој со четири гола е еден од најдобрите стрелци на Мундијалот во Катар. Интересно е тоа што иако не одигра ниедна минута, во случај на триумф на Франција, Бензема ќе добие медал и ќе се води како освојувач на светска титула.
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)