среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Зидан го одбил повикот на француската федерација да дојде на финалето во Катар

Зидан го одбил повикот на француската федерација да дојде на финалето во Катар

Француската фудбалска федерација го покани Зинедин Зидан како специјален гостин во Доха за денешното финале на Светското првенство, во кое Франција ќе ја брани титулата против Аргентина.

Повикот само ги подгреа гласините дека од јануари ќе го наследи Дидие Дешамп на клупата на националниот тим.

Зидан, пишува Мундо Депортиво, ја одбил поканата за „да не им го одземе вниманието на Дешамп и репрезентацијата“ во пресрет на неделното финале.

Легендарниот играч за врска и поранешен тренер на Реал Мадрид наводно веќе усно се договорил со федерацијата да ја преземе репрезентацијата од 1 јануари, што би била негова прва селекција.

Договорот на Дешам истекува на крајот од Светското првенство во Катар, но тоа не значи дека тој ќе си замине бидејќи се шпекулира дека има клаузула според која може еднострано да ја продолжи соработката на крајот на годината и да остане на клупата.