вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Никола Јокиќ со монструозна партија и уште еден трипл-дабл рекорд во НБА лигата (ВИДЕО)

Никола Јокиќ со монструозна партија и уште еден трипл-дабл рекорд во НБА лигата  (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ секој ден поставува нови рекорди во НБА лигата. Така беше и изминатата вечер откако имаше брутална партија откако направи учинок кој не е виден подолго време.

Јокиќ запиша неверојатен трипл – дабл во победата над Шарлот од 119-115 и тоа со бројки од 40 поени, 27 скока и 10 асистенции.

Во историјата на НБА лигата ваков учинок им успеало уште на двајца кошаркари со 40 поени и преку 25 скока на еден меч меѓу кој се Вил Чемберлен и Елзџи Бејлор, но во времето кога кошарката беше сосема поинаква.

Во останатите натпревари беа постигнати следните конечни резултати:

Бостон-Орландо 92-95

Индијана -Њујоррк 106-109

Детроит-Бруклин 121-124

Торонто-Голден Стејт 110-126

Минесота-Чикаго 150-126

ЛА Лејкерс-Вашингтон 119-117.