четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Нов рекорд на Јокиќ во НБА

Нов рекорд на Јокиќ во НБА

Кошаркарите на Денвер го совладаа рано утрово Шарлот со 119-115, а српскиот центар Никола Јокиќ постигна уште еден рекорд во НБА лигата.

Јокиќ уфрли 40 поени, додавајќи десет асистенции и 27 скокови, за својот петти трипл – дабл ефект во оваа сезона, а вкупно 81. во кариерата.

Центарот на Денвер со тоа стана прв кошаркар по Вилт Чембрлен кој запишал трипл – дабл ефект со најмалку 40 поени, 25 скокови и десет асистенции.

Чембрлен во март 1968 година запиша трипл – дабл ефект со 53 поени, 32 скокови и 14 ассиетнции.